„НЕМА АЛБАНЕЦ ОД МАКЕДОНИЈА ШТО ЌЕ ЈА ОТПЕЕ ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃА КАКО НЕГОВА ХИМНА“: Муртезани од Алтернатива без влакна на јазикот ни го плесна во фаца
Нема Албанец од Македонија кој ќе ја отпее „Денес над Македонија се раѓа“ како негова химна, изјави Орхан Муртезани од партијата Алтернатива и додаде дека ако некој верува во тоа тогаш има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.
Додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи, рече Муртезани и додаде дека претседателот Стево Пендаровски е албанофоб затоа што го нападнал косовскиот премиер Албин Курти.
-Пендаровски сака да им покаже на Димитар Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека е лојален кон нив и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки. Како и да е, за здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа, бидејќи тоа сериозно му штети на удобноста и мирот на Балканот – рече Муртезани.
Минатонеделната посетата на косовскиот премиер на Чаир и на Тетово беше проследена со бројни контроверзи на кои реагираше и македонскиот претседател.
