Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

Владимир Нелоски и Игор Јанушев го пречекале новиот премиер Христијан Мицкоски на влезот од владината зграда каде што се изврши примопредавањето на функцијата со Талат Џафери денеска претпладне, објавуваат медиуми.

Владимир Нелоски е најсериозното име кое е во игра за шеф на кабинет на идниот премиер Христијан Мицоски.

Нелоски е поранешен долгогодишен претседател на Унијата на млади сили, а сега е член на извршниот комитет и еден од најголемите соработници на мандатарот.

Истовремено името на Игор Јанушев високо котира на листата на иден генерален секретар на Владата. 

Останува засега нејасно и кој ќе биде на чело на прес службата во Владата и иден портпарол.

На примопредавањето во Владата, Мицкоски и Џафери имаа кратка средба, без изјава за медиумите.

Мицкоски, денеска попладне, како што е најавено, ќе биде во работна посета на општина Штип.

Собранието по дводневна расправа синоќа со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада. Во владиниот кабинет ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Мицкоски е 13-тиот премиер, кој ќе ја предводи 20. влада од осамостојувањето на државата.


Слично

Поврзани вести