Некст Тајм: Тодор Александров не е контроверзен историски лик
Критиките се во многу помал број од позитивните коментари. Нам ни се допаѓа критика, само не сакаме навреди и пцовки. После 10 години кариера станавме имуни на тоа, велат од дуото Некст Тајм во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ за третиот проект за заживување на стара македонска музика наречен „Нешто ќе те питам бабо“.
Тие рекоа дека зад видеото стоеле 70 луѓе.
- Овој проект сакавме да биде на технички повисоко ниво од претходните два и затоа беа ангажирани толкав број на луѓе - рече Мартин од дуото.
За спотот рекоа дека за македонски услови чинел релативно многу, но средствата ги вложиле со самофинансирање од заштедите од претходните ангажмани.
- Точно е дека на промоцијата на видеото дојдоа партиски луѓе, тие се најавија, а откако се договоривме меѓусебно решивме дека секој што сака да дојде е добредојден - рече Стефан.
Од таму додаваат дека песната била направена од срце и дека Тодор Александров не е контроверзен историски лик.
