Неколку законски измени во фокус на денешните собраниски седници, еден од законот за квалитет на воздухот
Пред народните избраници во Парламентот денес ќе се најдат неколку изменувања, и дополнувања на закони.
Закажани се седници на комисиите за образование, наука и спорт но и европски прашања во чиј фокус ќе бидат неколку измени и дополнувања .
Пред членовите на Комисијата за образование ќе се најдат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и на Законот за Бирото за развој на образованието кои се во прво читање. додека комисијата за европски прашања ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за инвестициски фондови во прво читање но и измените во законот за квалитет на воздухот.
Слично
