Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕКОЛКУ РЕКИ СО ЗГОЛЕМЕН ВОДОСТОЈ: ЦУК со детали за состојбите низ општините, има и одрони на патиштата

НЕКОЛКУ РЕКИ СО ЗГОЛЕМЕН ВОДОСТОЈ: ЦУК со детали за состојбите низ општините, има и одрони на патиштата

Засега не се пријавени нови излевања на реките низ Македонија, но опасноста од нови поплави и понатаму е присутна. Центарот за управување со кризи поладнево со нова објава за состојбите низ критичните региони до 18 часот попладнево.

Кумановски регион

На територија на Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане, Општина Ранковце и Општина Липково нема излевање на реките.

Нивото на реката Пчиња е во опаѓање и нема опасност за излевање.

Во текот на денот екипата на Македонија пат интервенирала на отстранување на одрони на камења кај м.в. Чатал и отстранување на градежен материјал од стара напуштена куќа од една коловозна лента во с. Шлегово на патен правец Страцин-Пробиштип.

На територија на Општина Кратово нема обилни врнежи од дожд. Водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен.

Охридски регион

По обилните врнежи од дожд во изминатите денови има навлезено вода во повеќе куќи во подрумите и дворовите каде се интервенираше од страна на ЈП-Нискоградба и остнати ЈП од општината.

 Локалната самоупрва кризен штаб Охрид со багер денеска ги расчистува запушените корита и канали на помалите реки во Општината. 

Поплавени подруми, дворови и бавчи имаше на ул.Железничка, Ариф Мустафа, Аџи Мустафа, Лескајца, Долно Лакочереј и во други делови од грдот во помал обем.

Во овој момент започнати се нови врнежи од дожд но со мал интензитет и нема пријавени дополнителни проблеми.

Битолски регион

Во Битолскиот регион нема нови врнежи од дожд, реките се вратија во речните корита и се во тенденција за намалување односно нивото на водата е намалено.

На територија на Општина Ресен како резултат на обилните врнежи повеќе нема излевање на реките од речните корита нивото на водата е значително намалено и во опаѓање.

Во општина Демир Хисар повеќе нема излевање на реките од речните корита нивото на водата е значително намалено. Пријава за одрон на Патниот правец R-1305 Битола-Кичево кај с. Железнец. Известени МВР ПС Демир Хисар и Македонија Пат. На расчистување интервенира Македонија Пат.

Скопски регион

Во моментов во РЦУК Скопје не се пристигнати пријави за нарушуванье на редовната состојба во Градот Скопје и неговата околина како последица од врнежите.

Струмички регион

Поради обилните врнежи, нивото на речните корита е зголемен, но не е забележано излевање. Состојбата е мирна

Штипски регион

На територијата на ПО РКОА РЦУК-Штип нема евидентирано нарушување на редовната состојба поврзани со обилни врнежи од дожд.

Велешки регион

На територијата на РЦУК Велес, РЦУК Неготино , РЦУК Кавадарци и РЦУК Свети Николе нема нарушување на редовната состојба, нема излевања на реките.

Тетовски регион

Во северозападниот регион што ги покрива РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар состојбата е стабилна. Има пријава за одрон кај патот Маврово – Дебар од ЈП Македонија Пат е испратена екипа на отстранување на одронот.



Слично

Поврзани вести