Неколку лица се приведени за нападот на Љупчо Палевски
Полицијата привела неколку лица осомничени за нападот на бизнисменот Љупчо Палевски.
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека работат на расчистување на случајот, не соопшти детали.
Палевски беше нападнат на 17 септември во центарот на Скопје.
Полицијата тогаш официјално објави дека го нападнале две лица.
Палевски пак по излегувањето од болница обвини дека премиерот Зоран Заев и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков стојат зад нападот.Кажа дека добивал закани дека ќе го стават во буре со киселина.
Слично
