Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ СЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО И ПОНАТАМУ СЕ ИНТУБИРАНИ - шест пациенти денес се враќаат во Македонија

НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ СЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО И ПОНАТАМУ СЕ ИНТУБИРАНИ - шест пациенти денес се враќаат во Македонија

Шест пациенти повредени во дискотеката „Плус“ во Кочани кои беа на лекување во странство денеска се враќаат во Македонија. 

Како што информираат надлежните станува збор за пет повредни лица кои беа на лекување во соседна Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград). Шестиот пациент кој си доаѓа дома беше на лекување во Италија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите.

- Во однос на останатите пациенти во странство, кај дел има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба - се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Во здравствените установи во нашата држава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по шест во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.

- И понатаму внимателно ја следиме состојбата на повредените пациенти и остануваме во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани - наведува Министерството.

Слично

Поврзани вести