„НЕКОЈ ВО НАШЕ ИМЕ И ВО ИМЕ НА НАШИТЕ МЛАДИ ДАЛ ЗБОР ДЕКА ЌЕ СЕ БОРИ СО РУСИЈА“: Ванковска за приклучувањето на Македонија на „Коалицијата на волјата“
Молдавија и Македонија се приклучија на „Коалицијата на волјата“ за време на состанокот што се одржа во Франција, каде учествуваа 40 земји. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека следниот состанок на Коалицијата ќе се одржи во Украина.
Реакција пристигна од професорката Билјана Ванковска. Таа вели дека некој во наше име и во име на нашите млади дал збор дека ќе се бори со Русија и по цена на жртви.
„Додека нашите очи се свртени кон реконструираната влада на Мицкоски, заедно со инцидентите, физичките препирки и пијанки, Македонија се најде и официјално на листата на Коалицијата на подготвените (Coalition of the Willing). Во таа прилика, Макрон одржа јавен говор во кој побара подготвеност за жртви и во крв. Одговорот на Меланшон се плакати ширум Париз со едноставна содржина: МИР!
