Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕКОЈ УПОРНО ГО ПОТПАЛУВА ГРАДОТ“: Ноќеска биле запалени два сервиси за автомобили во Стаклара

„НЕКОЈ УПОРНО ГО ПОТПАЛУВА ГРАДОТ“: Ноќеска биле запалени два сервиси за автомобили во Стаклара

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи соопшти дека ноќеска биле запалени два сервиси за автомобили во Стаклара.
„После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко - вистински чувари на градот и наши херои!

Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара.

Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно згаснат.

Иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви.

Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно!

Некој упорно го потпалува градот, а за тоа ќе мора да има одговорност.

Повикувам на итно постапување на МВР и Јавното обвинителство, ова мора да запре!“, нпиша тој.


Слично

Поврзани вести