Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕКОЈ СЕ НАМЕРАЧИЛ ДА ГО ПРИВАТИЗИРА СОБИРАЊЕТО СМЕТ“: Најчевска вели дека ќе плаќаме скапо

„НЕКОЈ СЕ НАМЕРАЧИЛ ДА ГО ПРИВАТИЗИРА СОБИРАЊЕТО СМЕТ“: Најчевска вели дека ќе плаќаме скапо

Професорката Мирјана Најчевска смета дека зад проблемот со ѓубрето кој деновиве го затрупа градот, стои идеја за приватизација на оваа услуга.

„Ова што се случува со сметот во Скопје има едно единствено објаснување.

Некој се намерачил да го уништи јавното претпријатие и да го приватизира собирањето смет.

После месеци гушење во ѓубре граѓаните ќе речат дека е тоа супер решение само се да се исчисти.

Тоа е стапицата.

Ќе плаќаат се повеќе, за се помалку и без контрола за тоа каде и како се грла ѓубрето.

Не дозволувајте да ве измамат.

Тоа се случи со многу од јавните услужни дејности.

Добивате најскапа струја, најскапо затоплување, лошо здравство, лошо образование, скапи лекови, патарини, лоши патишта, уништена железница, скапи поштенски услуги, скапи домови за стари лица, ...

Некој прави профит на вашата наивност“, напиша таа.


Фото:МИА

Слично

Поврзани вести