НЕКОЈ САКА ДА ГО ПОДЕЛИ БАЛКАНОТ: Русија и големите сили во ЕУ немаат интерес Бугарија и Македонија да бидат во добри односи, коментираат бугарски експерти
Договорот за соседство меѓу Бугарија и Македонија не треба
да се менува, посочуваат за БНТ,
историчарот, проф. Христо
Матанов и новинарот Николај Крастев.
-Заедничката посета е чекор во вистинската насока. Во случај да не сте забележале, македонскиот претседател рече нешто за промена на Договорот за соседство. Играта е геополитичка, да создаде тешкотии за ЕУ. Ние не сме од прв интерес за Европската унија, сега темата е Белорусија, коментира проф. Матанов.
Тој е скептичен во врска со работата на мешовитата комисија меѓу двете земји. Бугарската дипломатија сè уште тврди дека сме мали, рече проф. Христо Матанов.
Новинарот Николај Крастев коментира дека е крајно време да се обнови дијалогот, да се рестартираат односите меѓу Бугарија и Македонија.
"Она што ќе се случи во Рим е шанса да се придвижи напред. Историската комисија мора да се оддели од политиката и економијата. Интересите се многу големи", рече Николај Крастев.
"Русија и другите големи сили во ЕУ немаат интерес Бугарија и Македонија да бидат во добри односи. Актуелната влада и следната мора да го разгледаат регионалниот контекст. Некој сака да го подели Балканот", предупреди новинарот.
Тој истакна дека не е добро да се одделат Албанија и Република Северна Македонија. Во моментов мора да имаме стратешко трпение со Република Северна Македонија, некој дефинитивно сака да има проблем меѓу Бугарија и РС Македонија “, додаде Крастев.
