„НЕКОЈ ПРИКРИВА МАСОВНО ТРУЕЊЕ НА ДЕЧИЊА СО САЛМОНЕЛА“ - Д-р Лазаров со остра критика за случајот во Берово
По објавувањето на информациите дека повеќе дечиња од Берово се заболени и се борат со бактеријата салмонела јавноста негодува.
Голем број граѓани се револтирани, особено на информациите дека со инспекциските контроли не се утврдува присуство на бактеријата во кујната на градинката.
На, оваа тема се огласи и познатиот доктор Ненад Лазаров, кој редовно без влакно на јазикот ги искажува својот став за повеќе теми преку социјалните мрежи.
- Во Берово некој прикрива масовно труење на дечиња во градинка со салмонела.
За 6 деца има потврда, а реалниот број на терен е поголем, кујна на градинката се затвара тек после 2 недели... - напиша Лазаров на Фејсбук.
Еве ја неговата објава:
Неговата објава за кратко време собра бројни коментари од загрижени родители, кои револтирано посочуваат дека ова не е прв случај кога се прикрива салмонела присутна во градинките и потсетуваат на неодамнешниот случај исто така во градинка во општина Карпош - Скопје.
