НЕКОЈ ГО ЗАПАЛИЛ И МОСТОТ ПРЕД СМОЛАРСКИТЕ ВОДОПАДИ, ОГНОТ СЕ ПРЕФРЛИЛ НА БЕЛАСИЦА: „На ова безредите и нечовечност, мора да му ставиме крај“
Заменик генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов, пред неколку часа на фејсбук информираше дека некој го запалил и мостот пред Смоларските водопади.
„Некој го запалил мостот пред самиот Смоларски водопад при што огнот веднаш се проширил на планината Беласица
Благодарение на брзата реакција на општинските служби од Ново Село, ТППЕ, нашите вработени од ЈП “Македонски Шуми”, но пред се благодарение на брзата реакција на месното население, т.е жителите на село Смолари спречена е невидена катастрофа на планината Беласица
На ова безредие и нечовечност дефинитивно мора да најдеме начин да му ставиме крај, а одговорност за сторителите мора да има“, напиша тој.
Слично
