Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

Средствата од унгарскиот кредит се наменети за инвестиции во основни средства за работа, како и за производни системи од обновливи извори на енергија, и.т.нистакна денеска од Охрид, премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека речиси сите банки се согласиле да го поддржат овој проект.

Според него, овој проект е значаен чекор за поттикнување на економскиот развој и инвестициите.

– Компаниите ќе можат да аплицираат за кредити до 10 милиони евра, со минимално учество на инвеститорот од 20 проценти од самиот проект. Каматната стапка е 1,95 проценти – најниска во регионот и Европа, а рокот на отплата е до 15 години, со три години грејс период. Оваа флексибилност ќе овозможи секоја компанија да ги прилагоди условите според своите потреби – изјави Мицкоски за време на посетата на Охрид.

Реакции од опозицијата

Прашан за критиките од опозицискиот лидер Венко Филипче, премиерот изрази зачуденост.

– Искрено, се чудам на ваквите изјави. Имам чувство како некој намерно да го мести. Од компаниите и стопанствениците добиваме позитивни реакции и благодарност за овој проект, а само од него слушаме критики – рече Мицкоски, советувајќи го Филипче да направи промени во својот тим за, како што рече, „да имаме поконструктивна опозиција“.

фото: ФБ

Слично

Поврзани вести