Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕКОИ МИНАТИ РАКОВОДСТВА ВО МЕПСО ИМААТ БАРАНО МИТО“: Мицкоски за состојбите во државната компанија и за испадите на мрежата

„НЕКОИ МИНАТИ РАКОВОДСТВА ВО МЕПСО ИМААТ БАРАНО МИТО“: Мицкоски за состојбите во државната компанија и за испадите на мрежата

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска на пресконфрецнија објави дека во минатото, дел од лицата кои биле на раководни позиции во МЕПСО барале и добиле мито, што според него е причина за големиот технички капацитет на мреќата. 

Премиерот дополни дека тој очекува оти наскоро ваквите тврдења ќе бидат обелоденети во јавноста. Еве ја целосната негова изјава:

- Најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, отприлика втората половина од јануари меѓу 18 и 20 часот и тоа е 1,5 гига. Техничкиот капацитет на мрежата е двапати поголем, но во моментот има проекти и барања од 9,5 гига односно трипати повеќе од техничкиот капацитет и шест пати повеќе од тоа кое што го трошат граѓаните. Зошто? 

Затоа што некои минати раководства во МЕПСО за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито и тоа го истражуваме. За жал, има малку докази, но мислам дека дел од овие тврдења наскоро ќе бидат обелоденети - изјави денеска Мицкоски. 

Според Мицкоски, не е точно дека има чести испади на енергетската мрежа, имало само еден испад изминатиот викенд поради надворешен фактор. 

- Зборуваме за неделата кога имаше зголелени напонски прилики на далноводот што ги поврзува Врање и Штип. Тоа значи дека наместо да има 400 киловолтна напонска состојба имаше 460 киловолтна состојба со што се активираше заштитата на мрежата и нормално е дека тој далновод се исфрла од функција - рече Мицкоски. 


Слично

Поврзани вести