НЕКОИ ЛУЃЕ ИМААТ ЦЕЛОСНА НЕТОЛЕРАНЦИЈА КОН ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Д-р Христов говори за сериозни здравствени проблеми
Во екот на топлотниот бран, додека цел Балкан е во зоната на црвен метео аларм, сведоци сме дека некои луѓе
се изложени на поголем ризик од сериозни здравствени проблеми.
Најранливи се постарите и малите деца, како и средовечните луѓе кои едноставно не можат да се прилагодат на повисоките температури.
Според лекарите, некои луѓе се екстремно нетолерантни на топлина, им е жешко дури и кога на другите им е удобно или дури им е ладно, обилно се потат, се чувствуваат вознемирени. Иако нетолеранцијата на топлина сама по себе не е болест, таа може да биде симптом на медицинска состојба. Тоа е заеднички именител за широк опсег на реакции на екстремни температури.
Д-р. Виолета Христов, специјалист интернист, во разговор за Фактор вели дека најголем проблем имаат луѓето со нерегулиран крвен притисок, оние кои патат од астма и други хронични заболувања.
-На овие пациенти, пеколните температури им се многу понеиздржливи отколку на здравите. Колапсите се најчести кај оние со срцева слабост, бидејќи на вакво време се менува волуменот на циркулација, нагло им паѓа притисокот, па колабираат. Температури на 40 степени се проблем и за пациентите со атеросклероза и проширени вени, тоа се болести на крвните садови кои доведуваат до проблеми со притисокот. Нивото на шеќер во крвта што е превисоко или прениско може да предизвика да се чувствувате екстремно топло и испотени. Овој проблем може да се појави доколку дијабетесот не се третира правилно. Имено, дијабетесот ги оштетува нервите и крвните садови, а од него можат да бидат зафатени и потните жлезди, што го отежнува ладењето на телото на топлина.По пандемијата на короната, страдаат и пациентите со оштетени бронхии од вирусната инфекција. Ваквите здравствени проблеми ги ставаат во уште поголем луѓето кои сега мора да функционираат на, би рекла, нехумана топлина, вели д-р Христов.
Советува дека внесот на вода мора да биде оптимален, од 2 до 3 литри дневно, бидејќи и повеќе вода може да направо оптоварување на срцето. Од другастарна, пак се случуваат и несакани ефекти на многу лекови.
Некои лекови, исто така, го зголемуваат ризикот, па пациентите мора да вложат дополнителни напори за да останат ладни и хидрирани. Диуретиците ја зголемуваат количината на вода што телото ја исфрла. На високи температури го зголемуваат ризикот од дехидрација и нерамнотежа на клучните минерали во телото. Антихипертензивните лекови кои го намалуваат крвниот притисок на топлина може да предизвикаат опасни падови на крвниот притисок.
Анита Буховски
фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI