Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕКОИ ДОБРО СЕ ОПАРИЈА: Македонските фирми исплатија над 78 милиони евра дивиденди!

НЕКОИ ДОБРО СЕ ОПАРИЈА: Македонските фирми исплатија над 78 милиони евра дивиденди!
Според официјалната статистика на Македонската берза за хартии од вредност 30 од 110 македонски акционерски друштва за лани исплатиле над 78 милиони евра дивиденди на своите акционери. Речиси без исклучок се покажува дека вложувањето во хартии од вредност е подоходовно од чувањето пари во депозити во банките Вкупно 4,827 милијарди денари (над 78 милиони евра) исплатиле 30 македонски акционерски друштва како дивиденда на нивните акционери годинава, покажуваат официјалните податоци на Македонската берза за хартии од вредност. Најголем дел од парите завршиле надвор од Македонија и тоа околу 50 милиони евра, додека другите над 25 милиони евра останале кај домашните акционери. Официјалните податоци покажуваат дека 30 акционерски друштва од 110 чии акции котираат на берзата исплатиле дивиденди на нивните акционери. Најмногу пари за дивиденди дале Телеком, УСЈЕ и НЛБ Скопје На листата на најголеми плаќачи на дивиденди убедливо на првите три позиции се три компании кои се до мнозинска или доминантна сопственост на странски инвеститори. Најголем плаќач на дивиденда за лани е Македонски телеком кој во вкупен износ исплатил 1,475 милијарди денари (околу 24 милиони евра). Втор и веќе традиционално голем плаќач на дивиденда е Цементарница УСЈЕ која исплатила 1,09 милиони денари (околу 18 милиони евра). Трета е банката НЛБ Скопје која исплатила над 582 милиони денари (над 9,5 милиони евра). Трите прворангирани компании се во мнозинска сопственост на странски акционери, а Усје и НЛБ Скопје се во доминантна сопственост која кај УСЈЕ надминува 95 отсто од сите акции, а кај НЛБ Скопје надминува 90 отсто. Кај Телеком, мнозински е домашен акционер, но тоа е фирма која е основана од странскиот мнозински сопственик дел од групацијата на Дојче телеком. Таму македонските акционери се помалку од 50 отсто. Четврти на ред е најголемиот домашен бренд „Алкалоид“ компанија која е доминантно поседувана од домашни акционери и чија дивиденда во најголем дел останува во земјава. Заедно домашните физички и правни лица акционери во „Алкалоид“ надминуваат 90 отсто што значи речиси 5 милиони евра дивиденда од таа акција остануваат во земјава. Во првите пет е е една од двете најголеми деловни банки во земјава – „Комерцијална банка“ која исплати 284,9 милиони денари во дивиденди. Малку над 60 отсто од парите за дивиденда од таа акција ќе останат во земјава зашто толкав е уделот на домашните акционери. Според статистиката на берзата од аспект на приносот мерен процентуално најдоходовен е Факом со принос од 45 отсто. Осигурување Македонија има 22 отсто принос, Тетекс има 15 отсто, а над 9 отсто принос имаат Усје, НЛБ Скопје и Славеј. Листата ја има на следниот линк http://www.mse.mk/Repository/UserFiles/File/Objavi/Pregled_finansiski_podatoci_Q12016(1).pdf Р.Ф.
Слично

Поврзани вести