Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕКОГАШ ПОЛИТИЧКИ ПАРТНЕРИ, ПА ЛУТИ НЕПРИЈАТЕЛИ, ДЕНЕСКА ЌЕ СЕДНАТ НА ЗАЕДНИЧКА МАСА - попладне ќе има средба Мицкоски - Арсовска

НЕКОГАШ ПОЛИТИЧКИ ПАРТНЕРИ, ПА ЛУТИ НЕПРИЈАТЕЛИ, ДЕНЕСКА ЌЕ СЕДНАТ НА ЗАЕДНИЧКА МАСА - попладне ќе има средба Мицкоски - Арсовска

Долгоочекуваната средба на релација премиерот Христијан Мицкоски со скопската градоначалничка Данела Арсовска, ќе се случи во текот на денешниот ден, во 15.300 часот.

„Ве известуваме дека денеска 19.08.2024 година (понеделник) во 15:30 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе остварат средба со Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје во просториите на Владата.

По завршување на средбата, изјава за медиуми ќе даде Министерот за локална самоуправа Златко Перински“, се вели во владиното соопштение. 

Како што е познато, во петокот од Кабинетот на Арсовска нагласија дека раководството на град Скопје е подготвено веднаш да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата.

-За таа цел, го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.

Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија.

Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје", се вели во нејзината објава на фејсбук.

Слично

Поврзани вести