Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕКОГАШ ХРАНА ЗА СИРОМАШНИ, ДЕНЕС СКАП ДЕЛИКАТЕС! Висока цена за чварките, килограм и до илјада денари!

НЕКОГАШ ХРАНА ЗА СИРОМАШНИ, ДЕНЕС СКАП ДЕЛИКАТЕС! Висока цена за чварките, килограм и до илјада денари!


Претходните месеци сè поскапе, но високо на листата на намирници со нови цени се чварките или џимиринките. Низ Македонија, во зависност од квалитетот и производителот, цената за овој домашен производ може да се искачи и до илајда денари за килограм, правејќи ја ова ахрана луксузна за многумина.  Некогаш храната за сиромашните сега стана деликатес што се продава по грам.

Во зависност од производителот, нивната цена достигнува и до илјада денари. Во некои скопски месари, кои имаат сопствено производство, цената изнесува 900 денари, а пак, домашните производители, ги тријат рацете бидејќи кај нив цената се искачува и над илјада денари, секако, во зависност од квалитетот. 

- Не се сеќавам дека некој некогаш купил килограм чварки. Претежно сите ги земаат во оние мали кутии од 200/300 грама кои чинат околу 300/400 денари. Послабите ги земаат затоа што се многу скапи, но поскапеа се и сешто, вклучително и крекерите - раскажува еден сопственик на месара во Скопје.

Во вакви ситуации секако дека најголем бенефит имаат производителите кои ги произведуваат дома и во помали количини. Токму тие и тријат раце од периодот што доаѓа, бидејќи побарувачката во следиот период ќе порасне. 

Не постои посебна рецепта за нивно производство, меѓутоа работата е доста тешка и макотрпна, а порастот на цените на сите производи, несомнено допринесе да се покачи цената и за чварките.


Слично

Поврзани вести