„НЕКАКО БРЗО СТИГНА ДО СЛЕДНИОТ ПРЕДИЗВИК ДРУГАРКЕ“: Макрадули со емотивна објава
Политичарот и некогашен потпретседател на Собранието на Македонија, како и заменик министер за животна средина и просторно планирање, но и долгогодишен истакнат член на сега опозициската СДСМ, Јани Макрадули со емотивна објава на социјалните мрежи.
Во екот на полуматурантските прослави, деновиве голем број родители споделија фотографии од своите најмили по повод завршувањето на еден значаен дел од животот на децата.
Во истата насока и Макрадули сподели фотографија од неговата ќерка, Јана, со навистина искрена посвета.
- Некако брзо стигна до следниот предизвик другарке, но знам дека вистинските вредности ги научи. Без разлика колку е суров светот, а особено поделен кај нас, остани солидарна, праведна, другарка и користи ја технологијата за добро. Среќна 1/2 матура другарке… - напиша Макрадули, споделувајќи фотографии со неа од почетоците во училиште и од сега.
