„НЕКА ВТОРИОТ КРУГ БИДЕ НАШАТА ЈАСНА ПОБЕДА“: Мицкоски вели дека се трудат да направат подобро и покрај предизвиците
Нека овој втор круг биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста. Да покажеме дека народот разбира. И сега не зборувам како политичар, туку како човек што верува дека оваа земја може да биде нормална“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.
„Веруваме дека оваа земја заслужува подобро и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди и покрај сите предизвици да направи подобро. Идината започнува денес, не утре. Ние ја започнавме нашата иднина и нема назад. Затоа на вториот круг излезете гордо, достоинствено, мирно, со разум и со срце. Направете го вистинскиот избор. Изберете свој човек, изберете го своето место затоа што се бориме за вашата, за твојата иднина“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
