Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕКА ВИ СЕ ЧЕСТИТО ДИВОГРАДБИТЕ“: Арсовска со нова објава за изборите и за раководството на јавните претпријатија во градот

„НЕКА ВИ СЕ ЧЕСТИТО ДИВОГРАДБИТЕ“: Арсовска со нова објава за изборите и за раководството на јавните претпријатија во градот

Нека ви се честито дивоградбите. Ликов многу сака да прави нарачки против мене, а не му е јасно дека, да организира многу напади врз мене некој што нема намера да работи чесно, не е баш паметно.
Ова го напиша градоначалничката во заминување Данела Арсовска која изминатиот период сподели многу објави за дивоградби низ Чари, за диви приклучоци кон водоводната мрежа, поради што дури беше нападната и се докажуваше во судовите. 
Арсовска во нејзин стил повторно потенцираше дека за несобирањето на ѓубрето низ главниот град се виновни претставниците од владејачката партија укажувајќи дека со претпријатието задолжено за собирање на сметот е претставник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која, како што посочува Арсовска е осудена за кривични дела. 
- За ѓубрето низ Скопје нека се обрати кај претседателката на Управен Одбор на Комунална Хигиена, Јулијана Спировска од ВМРО која е правосилно осуден криминалец за 2 (две) кривични дела и истата го УПРАВУВА ѓубрето и КХС веќе 4 години.

Сега ќе го исчистеле за 72 часа. Нормално дечко дека ќе го исчистите, затоа што од инат го правите хаосот, ти кога ќе дојдеш да си многу успешен и способен за 72 часа со чистење ѓубре, ЗА ДА МОЖЕШ НА ВИСТИНСКОТО ЃУБРЕ ДА МУ ГО КРИЕШ КРИМИНАЛОТ И ДА СИ ПРОДОЛЖИТЕ СО ДИВОГРАДБИТЕ.

ВМРО/ВЛЕН се власт во град Скопје 4 години

ВМРО/ВЛЕН можеа сѐ да изгласаат во советот каде се мнозинство, но не сакаа

ВМРО/ВЛЕН не дозволија нова механизација во Комунална хигиена Скопје

ВМРО/ВЛЕН не дозволија да има вработени чистачи и управувачи со механизација во Комунална хигиена Скопје

ВМРО/ВЛЕН со своите членови на Управен одбор 4 години го управуваат Комунална хигиена Скопје

ВМРО/ВЛЕН 4 години го управуваат ЈСП

ВМРО/ВЛЕН 4 години ги управуваат СИТЕ јавни претпријатија, јавни установи и училишта.

Убаво сте излезени на сликава важно! - напиша Арсовска.
Еве ја нејзината објава: 



Слично

Поврзани вести