Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕКА СЕ ОТКАЖЕ ОД ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ ШТО ГИ КРКА ОД СОБРАНИЕ“: Апасиев контра Стојаноска „ќе и дадам да преспива у хотелов“

„НЕКА СЕ ОТКАЖЕ ОД ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ ШТО ГИ КРКА ОД СОБРАНИЕ“: Апасиев контра Стојаноска „ќе и дадам да преспива у хотелов“

Богаташката Дафина од ДПМНЕ со шесте стана, лажела и клеветела по поткасти дека, пази молим те, сум имал ХОТЕЛ у Скопје!? 

Ова утрово го постираше на социјалните мрежи пратеникот и професор Димитар Апасиев како реакција на изјавите на пратеничката Дафина Стојаноска во гостување во поткаст. 

- Ај пренесете и на колегињица - нека се откаже она од ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ шо ги крка од Собрание и доживотно ќе и дадам да преспива у "хотелов" два пати неделно, сама (ако мајка и уште не и го дава клучот од становите у Скопје) - укажа Апасиев. 

Во продолжение неговата објава: 


Претходно на социјалните мрежи беше споделено видео од гостувањето на пратеничката Стојановска во поткастот „Претрес“, во кое пратеничката го упатува новинарот да се провери имотот на останати пратеници во Собранието и упатува дека голем дел од пратениците од редовите на „Левица“ се многу побогати од нејзе. 

Еве дел од видеото споделено на Инстаграм 



Слично

Поврзани вести