Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕКА МУ КАЖЕ НЕКОЈ НА ПАЛЧО ДЕКА ОБВИНИТЕЛИТЕ ПО ДЕФИНИЦИЈА СЕ ПРИСТРАСНИ“ - адвокатот Митровски за барањето на првообвинетиот за двојното убиство

„НЕКА МУ КАЖЕ НЕКОЈ НА ПАЛЧО ДЕКА ОБВИНИТЕЛИТЕ ПО ДЕФИНИЦИЈА СЕ ПРИСТРАСНИ“ - адвокатот Митровски за барањето на првообвинетиот за двојното убиство

На денешното рочиште обвинетиот Љупчо Палевски за убиството на Вања Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски повторно побара изземање на тројца обвинители, поради, како што е неговото тврдење, пристрасност и злоупотреба на јавнообвинителската служба.

Имено, Плевски, кој е првообвинет за овие две убиства, бара изземање на обвинителките во предметот Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска, како и од шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски.

„Фалсификувале податоци, телефонска анализа со цел нивниот сведок Ерол Османи да може да лаже“ рече Палевски и на судот му приложи докази зошто повторно барал изземање бидејќи како што кажа имало нова околност. Тој тврди дека во критичното време, табелата од базните станици била празна, односно немало податоци каде се наоѓал Палевски на 22.11.2023 година кога беше убиен пензионерот од Велес, Панче Жежовски.

На ова се огласи адвокатот Јанаки Митровски. 

„Палчо соочен со доживотен затвор очајно бара одлагања. Барал денес изземање на обвинителите - биле пристрасни. Нека му каже некој на влашкиот зет дека обвинителот како странка по дефиниција е пристрасен, буквално работа му е да ја гони спротивната страна!“, пишува адвокатот Митровски на својот фејсбук профил. 

Слично

Поврзани вести