„Нејќам тава, сакам права!“ - Марш за женските права
Во организација на Платформата за родова еднаквост и
активистките за женски права, денес по повод Денот на жената „8-ми март“, се одржа марш од Жена парк до
плоштадот Филип Втори.
Жени од различни професии маршираа порачувајќи
да се отфрлат стереотипите и да кажат „НЕ“ на насилството и омразата врз
понежниот пол.
„Бори се женски“ , „Нееднаквоста не ја собира во парола“, „Сега кажувам стоп за насилство“, „8 Март не е ден за букетче“ „Нејќам тава сакам права“ се дел од пораките кои ги упатија жените !
Активистките на денешниот марш го осудија и насилството врз жените, за кое велат дека во нашето општество се толерира, поттикнува и прикрива, а ако излезе на виделина, неадекватно се осудува и казнува.
„Со овој марш, освен што ги славиме жените, ги повикуваме и нашите татковци, браќа и синови да се солидаризираат со жените во Македонија и заеднички да ги отфрлиме стереотипите и етикетите што не ограничуваат сите и да им кажеме „НЕ“ на насилството и омразата врз жените“, порачаа учесничките на маршот.
Земајќи го предвид родовиот јаз во економската, политичката и социјалната сфера на државата, Маршот за правата на жените испрати силна порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество.
Кон маршот се приклучија и премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богов.
Слично
