Нејаснотии за новите мерки во угостителските објекти: Ќе одат ли инспекторите од маса на маса да бараат потврди за вакцинација ?
Парадоксални се новите мерки. Недопостливо е со закон некој да легитимира гости во локал. Ова е апсурд. Се само дел од коментарите за новите мерки против ковид 19 кои се однесуваат на угостителските објекти а кои ќе почнат да се применуваат од понеделник.
Многу нејаснотии за кои од ДПИ не откриваат детали, но велат дека имаат насоки и план за тоа како ќе работат.
Прашани дали инспекторите ќе бараат потврди за вакцинација од гостите во кафулињата, директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симоска за Слободен печат вели дека таа информација ќе ја добијат од угостителите, а нема да се толерираат манипулации.
Таа вели дека нема да работат само на изјава на угостителот, кој е јасно дека не е истражен орган и не може да бара легитимирање на гостите, но предупредува дека лажното претставување е биде казниво со закон.
За доктор Пановски пак е парадоксално прележани со ковид да може да даруваат крвна плазма, а да не можат да седнат во кафуле.
Според него во овие мерки нема ниту медицински ниту епидемолошка логика.
Дали нешто ќе се промени до понеделник , останува да видиме.
