Неизвесно присуството на Гаши на одбележувањето на „Илинден“
Присуството на претседателот на Собранието, Африм Гаши, на одбележувањето на 112 години од Илинденското востание и 81 година од АСНОМ на 2 август е во неизвесност.
Како што објави МКД, делегација на Собранието ќе го одбележи националниот празник кај споменичниот комплекс за Првото заседание на АСНОМ – 1944 година, на Пелинце, но спикерот неодамна се пожали на нарушена здравствена состојба.
Предводник на делегацијата со свое обраќање, во тој случај, би бил некој од потпретседателите како негова замена. Неофицијално се предвидува да биде потпретседателката Весна Бендевска.
Слично
