Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неизвесно кој ќе го замени Таравари во министерство за здравство

Неизвесно кој ќе го замени Таравари во министерство за здравство

Засега се уште не е познато кој ќе го замени Арбен Таравари како министер за здравство откако тој победи на локалните избори и стана нов градоначалник на Гостивар преку коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и БЕСА.

Се чека на разговор меѓу коалиционите партнери СДСМ и Алијансата за да се утврди дали оваа партија ќе го задржи владиниот ресор за здравство. Исто така се шпекулира дека можеби Зијадин Села кој доаѓа од лекарската фела може да биде нов министер за здравство откако не успеа да победи во Струга и да освои градоначалнички мандат.

Премиерот Заев ќе има тешка, но не и невозможна задача да ги задоволи своите коалициони партнери и да го одржи мнозинството. Секако, во игра се и сосема други кандидати кои не се членови на Алијансата.

Слично

Поврзани вести