Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неизвесно дали ќе има или не референдум во Валандово

Неизвесно дали ќе има или не референдум во Валандово

Советот на општина Валандово доцна ноќеска само ја поддржа иницијативата на подносителот на барањето за собирање потписи, но ја одложи за уште најмалку три дена одлуката за референдумско изјаснување на граѓаните по прашањето; „дали се за или против работењето на рудниците во Казандол и Башибос“. 

Советот одлуката ја оправда со потребата од консултации со  Закононодавно-правната комисија за правната издржаност на одлуката

Граѓанската иницијатива која го поднесе барањето за референдум се сомнева за одлуката на Советот на општината  бидејќи за три дена истекува мандатот на општинските власти.

Активистите сметаат дека постапка на Советот да се пролонгира одлуката за три дена е само купување време, бидејќи в понеделник според Законот за локална самоуправа ги губи надлежностите, па вака советниците сакаат да купат време и да не се изјаснат.

Вчера советниците на општина Дојран донесоа одлука референдум да се одржи на 18 јуни, во Богданци претходно беше одлучено референдум да се одржи на 11 јуни.

Слично

Поврзани вести