Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕИСПЕГЛАНАТА КОШУЛА НА ПОПУЛАРНИОТ ДИМСА - морав да ја облечам штотуку отпакувана, утре лично ќе ја средам

НЕИСПЕГЛАНАТА КОШУЛА НА ПОПУЛАРНИОТ ДИМСА - морав да ја облечам штотуку отпакувана, утре лично ќе ја средам

Секогаш со стил и педантно облечениот Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, денеска направи пропуст во својот стил.

Имено, на денешната прес конференција се појави во неиспеглана кошула, за која веднаш се добива впечаток дека е нова, штотуку отпакувана кошула, која веројатно ја облекол „апансаз“.

Арсовски денеска ги прифати критиките, ветувајќи дека лично сам ќе ја испегла кошулата и утре во неа ќе се дотера.

„Интересно е во оваа работа што некогаш ќе ти се случи да мораш да настапиш и со штотуку отпакувана кошула. 
Склоп на околности. Некогаш знаеме да бидеме несмасни со облеката која ни е подготвена за настап, па да мора да ја замениме. 
Ги прифаќам критиките што не е испеглана, утре ќе ја испеглам лично сам и ќе Ве прашам за мислење, но Ве поздравувам и сите што сте слушнале и што ме препрашавте дека на пресот зборувам за тоа дека човек што уби друг човек и неродено дете доби само условна казна од правосудството на Заев. 
Фала на критиките, прифатени се, прв пат ми е неиспеглана и нема да ми се повтори“, напиша Димса Арсовски на својот фејсбук профил. 

Слично

Поврзани вести