„Неговиот професионален ангажман, знаење и човечност ќе останат пример за сите нас“: замина проф. д-р Илија Џонов, невропсихијатар, професор, декан
Почина проф. д-р Илија Џонов, истакнат невропсихијатар, редовен професор, поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје, декан на Медицинскиот факултет Скопје два мандата и поранешен директор на Клиничкиот центар Скопје.
Џонов е роден 24 ноември 1943, во Штип, и беше добитник на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 2010 година.
Проф. д-р Џонов беше член на Надзорниот одбор на „Алкалоид“ АД од 1998 до 2023 година.
Фармацевтската компанија со посебна објава по смртта на д-р. Џонов.- Последен поздрав од колективот на АЛКАЛОИД АД Скопје за почитуваниот Проф. д-р Илија Џонов
Со голема тага се збогуваме со човекот чии придонес, мудрост и достоинствена посветеност оставија трага што ќе се памети.
Неговиот професионален ангажман, знаење и човечност ќе останат пример за сите нас.
Нека почива во мир. Искрено сочувство до семејството - стои во објавата на компанијата.
Слично
