„НЕГОВИОТ ПОДВИГ ПОТСЕТУВА ДЕКА ХРАБРОСТА И ЧОВЕЧНОСТА ЖИВЕАТ ВО НАШИТЕ ЛУЃЕ“ - Мицкоски го посети семејството и сопругата на починатиот херој Иле
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посетил семејството и соптругата на херојот на Кочани, починатиот Иле Гоцевски, возач на брзата помош, а тоа го објави и на својот официјален фејсбук профил.
„Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани.
Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!
Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме.
Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните.
Вечна ти слава, Иле“, напиша Мицкоски на фејсбук.
Слично
