„НЕГОВИОТ МИНИСТЕР СЕ СЛИКА СЕЛФИ ПО БЕЛИОТ СВЕТ ВО ТРЕНЕРКИ, САМИОТ ПРАШУВАЈЌИ СЕ ШТО МУ Е РАБОТА“: Жерновски тврди „социјалдемократите го спречија обидот на Бугарија“
Исклучително е битно да се напомене дека социјалдемократите го спречија обидот на Бугарија во Стразбур да се избришат деловите за македонското малцинство во резолуцијата на Советот на Европа. За среќа, не вродија со плод обидите на членови на Европската народна партија (ЕПП) да се заборави неправдата врз македонците во Бугарија, односно обидот пресудите за ОМО Илинден на Европскиот суд за човекови права да се третираат како никогаш и да не постоеле.
Сепак, благодарение на коизвестителот за Бугарија, Ив Крухтен од групата на Паријата на социјалистите, демократите и зелените, таа иницијатива не помина. Напротив, тој и понатаму инсистира на тоа дека Софија мора уште многу да работи на овој план и дека е неопходно и понатаму да се следи состојбата во Бугарија околу почитувањето на европската конвенција за човекови права.
Овој став беше поддржан од сите говорници од коалицијата на социјалистите, демократите и зелените, што може да се види и од дебатата која е поставена на сајтот на Советот.
Да се потсетиме дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ е членка токму на Европската народна партија.
Се сеќавате дека премиерот Мицкоски во повеќе наврати цинично ја повикуваше СДСМ да лобира за Македонија во својата сестринска политичка групација, сакајќи да каже дека он својата работа во ЕПП веќе ја завршил. Со колкав “успех” го прави тоа, можевме да увериме неодамна кога во Брисел, Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија во кој исчезна македонскиот јазик и идентитет. Сега, сличен таков дебакл за малку беше избегнат и во Стразбур.
Во меѓувреме, неговиот министер за надворешни работи Муцунски се слика селфи по белиот свет во тренерки, самиот прашувајќи се што му е работа“, напиша тој.
