Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕГОВИ ОБЛАСТИ СЕ КАРДИОХИРУРГИЈА, ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА, ТОРАКАЛНА ХИРУРГИЈА: Марјан Шокаровски е новиот директор на Државна кардиохирургија

НЕГОВИ ОБЛАСТИ СЕ КАРДИОХИРУРГИЈА, ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА, ТОРАКАЛНА ХИРУРГИЈА: Марјан Шокаровски е новиот директор на Државна кардиохирургија

Д-р Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на Клиниката за државна кардиохирургија уште од основањето го наследи професорот Сашко Јовев и веќе од вчера е на позицијата директор на оваа јавна здравствена институција.

46-годишниот кардиохирург Шокаровски е и дел од првата трансплантација на срце во македонското здравство, која беше изведена точно пред три години и еден месец.

Тој тогаш за медиумите изјави дека тоа е голем настан за секој хирург, особено поради фактот што операцијата била исклучиво тешка и ризична.

-Интервенцијата претдходно бара огромна организација но доаѓа наеднаш, ад хок и хирургот мора да биде подготвен во секој момент да влезе во сала и да изврши една таква операција. Кај нас не се знае кога ќе има донор. Мал е бројот на семејствата кои се одлучуваат по смртта на блиските да дозволат донирање органи, посебно кога станува збор за срце, изјави д-р Шокаровски по првата транспланатција на срце од починат донор.

Кардиохирургот Марјан Шокаровски пред во 2015 година беше субспецијалист во Загреб, каде програмата за трансплантација на срце е на многу високо ниво.

За пациентите со терминална срцева слабост вели дека ги гледал во сериозна состојба и како се борат за нормален живоt, а сето тоа, како што посочува во едно од интервјуата, го охрабрило неговата професионална кариeрa да ја гради како кардиохирург. 

На почетокот на субспецијализацијата учествувал во операции за поставување механичка циркулаторна поддршка, а потоа и на срцеви експланти и трансплантации.

Во Загреб ја изврши и првата трансплантација на срце, а по завршувањето на понатамошното образование во Хрватска се доедуцира во големи медицински центри во Германија, Австрија и Франција за да ги усоврши своите знаења и вештини. Тоа го прави и денес.

Негови области се: кардиохирургија, васкуларна хирургија, торакална хирургија, микрохирургија, општа хирургија, кардиологија и интензивна нега.

Анита Буховски

ФОТО: Linkedin

Слично

Поврзани вести