Неготинските лозари протестираа, добија ветување од министерот дека ќе се откупи целото грозје
Ниските откупни цени вчера ги извадија на протест лозарите од Неготино.
Тие побараа да се вреднува нивниот труд а предупредија дека ако останат ланските цени ќе дојде крајот на лозарството во нивниот крај.
Министерот Арјанит Хоџа, на производители на грозје кои излегоа на протест во Неготино пак им вети дека ќе биде откупено целото произведено грозје.
Хоџа кажа дека министерството е отворено за решавање на сите проблеми на лозарите и дека до среда ќе се одговори на нивните барања.
Слично
