Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

Неготинец украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот. 

Во Неготино, на локалниот пат кон село Курија, утрово во 4.20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино, го уапсиле С.Д.(28) од Неготино. Тој украл автомобил „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(28) од истиот град. Автомобилот бил паркиран пред домот на сопственикот. 

Неготинецот го управувал возилото со 0.72 промили алкохол во крвта. С.Д. е задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На почетокот на месецов, полицијата информираше дека пијан неготинец украл возило, иако не поседувал возачка го управувал и со него скршил рампи на наплатните станици. 

Слично

Поврзани вести