Неготинчанец се соблекол гол пред службеничка во социјалната служба
Неготинчанец е уапсен од полицијата откако се соблекол гол пред службеничка за социјални работи, објави МВР.
„На 09.05.2023, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Л.Ф.(50) од Неготино затоа што во Центарот за социјални работи во Неготино упатил закани кон една вработена и се соблекол пред неа“, гласи информацијата во полицискиот билтен.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
