Неготинчанец кршел кафемати и ги собирал парите
МВР објави дека вандал од Неготино кршел кафемати за да ги зема парите од апаратите. Од полицијата тврдат дека украденото е вратено на сопственикот.
- На 30.06.2026 во 08:35 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Д.(28) од Неготино, поради сомнение дека на неколку локации во Неготино, со употреба на подесен алат оштетил кафемати и одзел пари од нив, објави МВР.
Дел од одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против И.Д. ќе бидат поднесени соодветни пријави
Слично
