Економија, финансии, бизнис

Контакт

Негативни реакции по понудата на Заев за помирување

Негативни реакции по понудата на Заев за помирување

Голем дел од јавноста првично не ја прифаќа понудата за помирување што ја упати Зоран Заев прочитана меѓу редови како имплицитна варијанта за амнестија за време на обраќањето на почетокот од пленарната седица за уставни измени во Собранието.

„Што е повредно, државата или бандата - треба да покаже Собраниската дебата и одлука за иднината на Македонија. Граѓаните кои сè уште не веруваат треба да се уверат дека не е во прашање ни Договорот со Грција, ниту членството во ЕУ и во НАТО, туку спасувањето на Груевски и неговите соработници од правдата“, напиша новинарот Ерол Ризаов на својот профил на Фејсбук/

„Со месеци обвинуваше дека опозицијата му бара амнестија за 27 април, удави со тоа на 432 прес конференции, а сега сам јавно си понуди. 
Поточно си ги откри намерите. Дека е подготвен на пратениците вмровци да им понуди закон, ако му се приклонат и гласаат за уставни измени.За два дена и на Груевски ќе му понуди, како тргнал. Море на сите, само да нема избори“ гласи статусот на влијателната коментаторка на социјалните мрежи Јорданка Ивановска - Јоци.

„Заев со месеци ја обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ дека бара амнестија за 27 април. А сега тој бесрамно го понуди тоа и... си ги разоткри намерите. Дека се' е подготвен да направи, да игнорира закони, судови, Уставот, само и само за да му поминат уставните измени и да ја напика Македонија во НАТО. Ако тоа не му успее, неговите шефови од САД ќе му мавнат два-три шамари и како неспособен - ќе му удрат клоца“, објави Здравко Савески од Левица.

Слично

Поврзани вести