НЕГАТИВЕН ПЦР, ДОКАЗ ЗА ВАКЦИНА ИЛИ ПРЕЛЕЖАНА БОЛЕСТ - за сите што ќе сакаат да влезат или излезат од земјава, Владата утре ќе одлучува
Да се регулира влезот и излезот од Македонија поради ширењето на коронавирусот.
Ова министерот за здравство Венко Филипче ќе го побара од Владата, заради заштита на населението од коронавирусот.
Во изјавата за медиуми Филипче рече дека мерки за Тетово засега нема, а Комисијата за заразни болести разговарала да се намали работното време на објектите и намалување на капацитетите во автобусите. Но засега, овие мерки нема да се имплементираат.
„За влез и за излез од Македонија за сите граѓани, без разлика дали се наши државјани или странци, да се бара негативен ПЦР тест, доказ за примена вакцина или доказ дека ја прележале болеста. Утре ќе знаеме дали и како би се имплементира оваа мерка“, рече Филипче.
Новата мерка ќе се однесува на сите граѓани, македонски и странски државјани.
„Мерката ќе се однесува за влез и излез од нашата земја. Ќе биде барана потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележување на болеста“, истакна Филипче.
Според него, Владата утре ќе одлучува за мерката.
