Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неформален состанок на утрински тренинг: Министерот Муцунски и белгиската делегација трчаа 6km низ Скопје

Неформален состанок на утрински тренинг: Министерот Муцунски и белгиската делегација трчаа 6km низ Скопје

„Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје“ – вели во описот до фотографиите, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, утрово (16.04) на својот Инстаграм профил објави нови фотографии направени на повеќе локации низ Скопје, покрај кејот на реката Вардар, каде високите претставници на двете држави имале можност да се рекреираат во раните утрински часови.

Како што појасни, министерот Муцунски и неговиот белгиски колега Макс Прево кој е во официјална посета на земјава, утрово истрчале 6km низ Скопје.

„Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје.

Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град“ – напиша Муцунски на својот Инстаграм профил.

Инаку, Прево е во посета на Македонија, во рамки на неговата турнеја низ Западен Балкан, во рамки на која ќе ги посети и Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, со цел да ги поддржи нивните напори кон членство во Европската Унија.


Слично

Поврзани вести