Нефи Усеини повеќе не е член на Советот на Општина Охрид
Бизнисменот Нефи Усеини повеќе не е член на Советот на Општина Охрид, откако поднесе оставка од фунцијата, дознава „А1он“.
Точката е ставена како предлог за разгледување на следната седница. Против советникот од редовите на ДУИ се води судска постапка, чии рочишта двапати по ред се одложуваат.
Усеини и неговито брат Ибро во притвор беа 16 денови, а судот ги ослободи откако тие дадога гаранција имот во вредност од 850 илјади евра, откако беа приведени поради нападот на нивниот сограѓанин, Спиро Топалоски.
При едно од одложените рочишта за овој случај беше кажано дена Усеини е на операција во Турција.
Тој во Охрид е познат и по своите дивоградби, како и во низа други физички напади на граѓани.
Слично
