Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нефи Усеини пцуеше новинарка и се закани повеќе да не му се јавува

Нефи Усеини пцуеше новинарка и се закани повеќе да не му се јавува

Контроверзниот охридски бизнисмен се закани на дописничката на Телма, Емилија Мисирлиевски.

Телма телевизија се обидува да добие изјава за бизнисите на Усеини, но тој вебално ги напаѓа новинарите на Телма им се заканува. Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот неодамна го ослободи од обвинение за напад на едно лице насреде Охрид, со образложение дека не може да се докаже вината.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ги осудуваат навредите и пцостите на советникот во општина Охрид, Нефи Усеини кој денеска ги упати кон колешката, дописничка за ТЕЛМА од Охрид, Емилија Мисирлиевски.

– ЗНМ и ССНМ алармираат дека ваков однос од советниците во локалната власт, кои се избрани и платени од страна на граѓаните, кон новинарите и медиумските работници е недозволив. Потсетуваме дека избраните функционери, како што впрочем се и советниците, имаат обврска за професионален однос кон новинарите и медиумските работници и да даваат отчет за својата работа. Лична пресметка со новинарите или медиумските работници во ниту еден случај не може да биде оправдана и затоа овој однос е и директна закана за безбедноста на новинарите, целата професија, што може да води кон самоцензура. Ваквиот однос е и удар на информирањето на јавноста и загрозување на јавниот интерес – се вели во реакцијата на здруженијата.

Левица претходно обвини дека ослободителната предуда за Усеини само укажува на неказнивоста на ДУИ. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести