Недвижностите во Грција се продаваат за багатела – куќа на Тасос за 38.000 евра
Камена куќа на Тасос за 38.000 евра. Студио на 50 метри од Егејот за 65.000 евра. Реновиран стан во Ханиоти за 90.000 евра.
Ова не се цени од 2010 година – ова е активна понуда во мај 2026. И додека туристите ги пакуваат куферите за лето, сè повеќе луѓе за истите пари размислуваат за купување, наместо за резервација.
Грчкиот приморски пазар останува достапен за странски купувачи, но не е униформен. Халкидики, Тасос, Пиерија и Сивота функционираат по различни правила, со различни цени и профили на купувачи. Податоците од Spitogatos.gr покажуваат дека разликите се значајни и вреди да се разберат пред купување.
Халкидики: се плаќа името, не само квадратите
Касандра со години е синоним за летување. За многумина логиката е едноставна – наместо секоја година да плаќаат кирија, да купат сопствен стан.
Ханиоти е најпозната дестинација и тоа се гледа во цените. Влезната цена е висока, а простор за преговори речиси и да нема. Се плаќа сигурноста на пазарот и побарувачката за изнајмување.
Полиxроно нуди пониски цени и повеќе простор за договор, со речиси иста локација.
Пефкохори има поразличен карактер – повеќе модерни и наместени станови со поглед кон море.
Калитеа нуди новоградба со повисоки стандарди, каде може да се најдат станови под 90.000 евра.
Пиерија: истото море, пониски цени
Паралија нуди значително пониски цени од Халкидики. Студија близу море може да се најдат и под 70.000 евра.
Лептокарија е најевтината опција – новоградба под 65.000 евра, а постари станови и поевтино. Недостаток е помал туристички промет и помал приход од изнајмување.
Сивота: премиум дестинација во подем
Сивота игра поинаква игра – Јонско море, природни убавини и растечки интерес. Цените растат, но сè уште има потенцијал за добивка. Ова не е најевтина опција, туку инвестиција со перспектива.
Тасос: најниска влезна цена
Тасос е посебна приказна. Цените почнуваат под 50.000 евра, но најчесто станува збор за постари објекти кои бараат вложувања.
Сепак, купувачите тука гледаат потенцијал, а не готов производ.
Како се купува недвижност во Грција?
Иако не сте од ЕУ, купувањето е дозволено. Потребно е:
грчки даночен број (AFM)
адвокат (задолжителен)
проверка на имотот во катастар
Трошоци:
данок на пренос: 3,09%
адвокат: 1–2%
нотар: 1–1,5%
агенција: околу 2% + ДДВ
Вкупно: 7–10% дополнително од цената.
