Недостатоци имало во постапувањето на Центарот за социјални работи за семејството Јовановски
Недостатоци и неправилности во постапувањето на Центарот за социјални работи, утврдиле инспектори од инспекциската служба при Министерството за социјална политика, демографија и млади, во врска со случајот во кој мајка и ќерка при паѓање од зграда во Карпош загинаа деновиве.
„При надзорот, утврдени се недостатоци и неправилности во постапувањето на Центарот, за што се води соодветна постапка и изрекување на инспекциски мерки во согласност со Законот. Во натамошниот тек на инспекциската постапка, ќе се преземат соодветни активности од страна на инспекторите, во согласност со Законот“, се наведува во соопштението.
Официјално од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Град Скопје за Тв 24 велат дека за првпат Центарот се запознава со семејството Јовановски кога до нив е доставено барање за бракоразводна постапка и немало пријава од страна на Ивана за поведување на постапка за заштита од семејно насилство.
