Неделковски на демонстрантите пред суд им подели знамиња
Пред Основниот суд Скопје 1 како поддршка за обвинетите за насилството врз пратениците на 27 април во Собранието, дојде и водителот Миленко Неделковски.
Тој на својот Фејсбук профил повика за протести пред судот како за минатото, така и за ова рочиште. На социјалните мрежи повикуваше и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат пред судот за да изразат поддршка на обвинетите, но повика и на кршење на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, откако му беше даден мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Неделковски им подели неколку македонски знамиња на демонстрантите, и си замина. И „Тврдокорни“ денеска даваат поддршка на луѓето на кои им се суди за „учество во толпа што ќе стори кривично дело“.
Слично
