Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделковски ги нарече Иванов и покојниот претседател Трајковски предавници

Неделковски ги нарече Иванов и покојниот претседател Трајковски предавници

Новинарот Миленко Неделковски е меѓу првите поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ кој го крена гласот против одлуката на претседателот Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев откако доби гаранции за унитарноста, територијалниот интегритер и уставниот карактер на Македонија.

- Е сега има основана причина да се здроби канцеларијата на "Рекорд". Торко еден, луѓето што протестираа два-и-пол месеци секој ден застануваа да се поклонат пред твојот офис. Ти вака им се реваншираше!!! Мене ти и твојата Соросоидна улога ми бевте јасни одамна, но еве сега се разгологази пред целиот народ, вели новинарот.

Неделковски го изедначи Иванов со покојниот претседател Борис Трајковски и двајцата ги нарече предавници

Она што не го сакаше - го постигна. Да се изедначиш со Борис Трајковски.
ВМРО во современа Македонија имаше двајца претседатели. Обата предавници. Историски факт, напиша Миленко Неделковски.

Слично

Поврзани вести