Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделков: Штрајкот во основното и средно образование продолжува и утре

Неделков: Штрајкот во основното и средно образование продолжува и утре

Штрајкот во основното и средно образование продолжува и утре, градинките ќе работат. 

Претседателот на СОНК Јаким Неделков ja соопшти оваа информација. СОНК ги сумираше заклучоците од денешниот Совет на СОНК кој разговараше за вчерашните договори со Владата.
„Нашето членство се изјаснуваше по однос на договореното и ги сумиравме резултатите. Од вкупно 480 синдикални организации,  388 беа за продолжување на штрајкот, а 83 за прекинување на штрајкот. Најголем дел од овие се од синдикатот за детска заштита, додека за продолжување на штрајкот се изјаснија синдикалните организации од основното и средното образование. СОНК со оглед на сумираните резултати, одлучи штрајкот во основното и средното образование да продолжи и во утрешниот ден се до исполнување на нашите барања. Во градинките штрајкот ќе се стави во мирување, градинките редовно ќе работата во интерес на родителите, децата и на стопанството кое трпи, и ќе ги отворат вратите и ќе работат со нормален интензинет“, рече Неделков.

Советот на СОНК одлучи да организира голем масовен протест во среда 4 мај 2022 пред Владата.

СОНК  жали за пропуштената настава, и бара разбирање и поддршка од сите засегнати страни. 

Слично

Поврзани вести