Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделков: Продолжува штрајкот на просветните работници

Неделков: Продолжува штрајкот на просветните работници

И покрај повикот од Владата, просветните работници нема да го прекинат штрајкот. 

Штрајкот продолжува, соопшти Јаким Неделков од СОНК. 

„СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата, во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта. Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува“, вели Неделков. 

Владата го повикува СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10 отсто, затоа што учениците треба да се вратат во училиштата.  Штрајкот почина минатиот понеделник. 

Слично

Поврзани вести