Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделков: Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите

Неделков:  Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите

Заврши денешната рунда преговори на СОНК со МОН, а за в петок се очекуваат конкретни одговори. 

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков, соопшти дека завршила денешната рунда преговори со Министетрството за образование и наука под покровителство на помирувач и дека преговорите ќе продолжат в петок кога очекуваат и конкретни одговори на нивните предлози.

„Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни“, објави Неделков на Фејсбук.

Според него, најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите во сите дејности и во приватниот и во јавниот сектор

Неделков изјави дека се на почеток на преговорите, но дека не почнуваат од нула што, рече, би одзело многу време и енергија.

Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако во текот на тој рок не се постигне договор преговорите ќе мора да се продолжат за уште десет дена.

Слично

Поврзани вести